Владата и угостителите заедно ќе барат решение за штетите од Ковид-19

Премиерот Зорав Заев вчера се сретна со претставници на рестораните за свадби и прослави, на ноќните клубови и на дел од музичарите од естрадата.

„Дијалогот е започнат, заедничка цел е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови на зголемување на бројот на заболени, а во исто време да се најде заедничко решение за намалување на економската штета на сите засегнати во дејноста прослави и свадби, која е меѓу најпогодените,“ напиша на фејсбук Заев.

Во следниот период, угостителите до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела од економски и од здравствено-епидемиoлошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.

Total
0
Shares
Поврзани објави