Угостителите отвораат по празниците, за границите е рано

Надлежните институции најавија дека угостителските објекти ќе се отворат на почетокот на следната недела. За отворање на границите, сметаат, се уште е рано, затоа што доколку се отворат огромен дел од мерките и бенефитите на националните стратегии можно е да паднат во вода.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека угостителските објекти ќе се отворат во вторник ако Комисијата за заразни болести ја донесе одлуката в петок.

-Доколку не биде донесена одлука в петок, отворањето на угостителските објекти сигурно ќе биде во текот на првите денови од неделата, рече Филипче.

Во врска со отворањето на границите, тој смета дека тоа треба да биде координирано со соседните земји. Појасни дека тоа беше и причината за посетата на Грција, каде се дискутирало за начинот на поминување на границите, сега се чека на нивниот одговор.

-Ние сметаме дека отворање на границите мора да биде координирано ако ништо друго помеѓу соседните земји и тоа беше причина за посетата на Грција и работите кои таму ги дискутиравме во однос на начинот на кој што ќе се поминува границата во однос на потребните тестови и во однос на евентуалниот начин на било кој заболен од земјите, кои ќе се сложат на тој договор да добијат бесплатна здравствена заштита доколку при престој во некои од овие земји заболат од коронавирусот.

Тој додаде дека Србија донела одлука да се отворат границите, но смета дека за нашите услови, тоа е уште рано.

Со договор ќе треба да се изнајде решение за полесно поминување на границите, за тоа како да се избегнат гужвите, начинот на поминување на граници, дали ќе бидат потребни тестови и бесплатното болничко лекување….

Total
0
Shares
Поврзани објави