УЕФА влегува во кампања – вакцинирајте се против ковид-19

Европската фудбалска унија (УЕФА) се придружи во кампањата за имунизација преку вакцинирање против коронавирус, откако првиот човек на европската централа Александер Чеферин заедно со претседателката на Европската Комисија (ЕК) на ЕУ, Урсула Фон дер Лајден повикаа заеднички за ваквинирањето против ковид-19.

УЕФА е најмоќната неполитичка организација во Европа, па фудбалската организација влезе во кампања за луѓето да ја сфатат важноста од вакцинирањето, особено што вакцината нема да биде задолжителна, но има поголем број кој се противат на имунизацијата.

Луѓето се многу скептични, ама со заеднички пристап можеме да ги убедиме дека вакцината е нешто добро, рече Чеферин.

Тој на видео-конференција со Фон дер Лајден најавил и потполна поддршка и за европскиот зелен план, односно поддршка на УЕФА околу климатските акции на ЕУ. Централата во Нион најави дека ќе се приклучи кон европската спогодба за климата, која ЕУ месецов треба да ја стартува.

УЕФА ја дели визијата за европскиот зелен договор и ние се залагаме како раководство на најпопуларниот спорт во Европа. Долгорочниот модел на европскиот фудбал почива на финансиската солидарност, вредностите и совршено е вклопен со визијата на ЕУ за инклузивно опоравување и одржливост. Ние сме моќен тим и се радувам на јакнењето на нашето партнерство во следните години. Мораме да го заштитиме нашиот европски модел за спорт за следните генерации, додава Чеферин.

извор: sport1.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски нема корона

Почитувани пријатели,и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе…