Туристи во Охрид казнети за кршење на мерките против Ковид-19

Дел од туристите што летуваат во Охрид се казнети по 20 евра од полицијата поради тоа што на плажа не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19.  

Локалните портали објавуваат и фотографии од ноќниот живот на туристите, кој не се придржуваат на мерките. На кејот собрани луѓе еден до друг без растојание помеѓу нив. Летуваат и се забавуваат, а маските ги закачуват на рака, наместо да бидат покриени носот и устата, како што со месеци препорачуваат здравствените власти.

Освен тоа, полицијата во текот на викендот интервентирала поради разни инциденти во градот. Имало тепачка помеѓу скопјани на плажа, нападнат сопственик на апартман, била пронајдена и дрога во возило на брегот на езерото.

Сцени како од акционен филм се случуваат во Охрид за време на продолжениот празничен викенд, известуваат медиумите. Прекршителите на редот и мирот се претежно млади лица на дваесетина години. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави