Тројца од заболените од коронавирус во Битола се од приватна болница

Тројца од четворицата битолчани кои излегоа позитивни на коронавирусот се од приватна болница во Битола, потврдија за Апла.мк од Министерството за здравство. 

,,Од четворица заболени од Битола, тројца од нив се заболени од приватната болница Плодност” , пишува во одговорот од Министерството за здравство до Апла.мк. 

Во саботата министерот Филипче посочи дека во Битола е регистриран првиот новозаболен од коронавирус, а вчера беше соопштено дека има уште тројца заболени или вкупно четворица.  За едниот од ,аболените семејството тврдеше дека на третиот тест бил негативен. 

извор: Apla.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави