СЗО: Новиот сој на коронавирусот во осум европски земји

Новиот сој на коронавирусот веќе е откриен во осум европски земји, кажа регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге.

Осум земји во европскиот регион на СЗО досега ја идентификуваа новата варијанта на ковид-19 наречена ВОЦ-202012/01, напиша Клуге на Твитер.

Според него, новиот сој на вирусот се шири и меѓу помладата популација, за разлика од претходните варијанти.

Клуге повика на претпазливост додека се водат истражувањата за неговите ефекти, како и на јакнење на постоечките заштитни мерки како што се физичката дистанца и носењето заштитни маски.

Новиот сој на коронавирусот беше идентификуван во Британија на 14 декември.

Total
0
Shares
Поврзани објави