Српската министерка Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон примија вакцина против Ковид-19

Министерката за труд, вработување, боречки и социјални работи на Србија, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ и епидемиологот Предраг Кон ја примија вакцината на „Фајзер“.

Прва во Србија, вакцината ја прими премиерката Ана Брнабиќ.

Покрај претставниците на владата, првите дози ќе ги примат корисниците на домови за стари лица во Белград и Нови Сад.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера објави дека вакцинирањето ќе започне денес.

Уште 20.000 дози од споменатата вакцина доаѓаат на почетокот на јануари, а Планот за имунизација е веќе направен.

Извор: Макфакс

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави