Србија ќе ни даде 8.000 вакцини од „Фајзер“

Србија ќе и даде на Македонија 8000 вакцини од производителот Фајзер. Деновиве ќе се договорат и деталите околу испораката. Српскиот претседател Вучиќ во телефонски разговор со Премиерот понудил вакцините да се доделат како донација но Заев инсистирал тие да бидат платени по набавна цена. Иако Европската комисија најави милијарди дози за 92 нискоразвиени  земји,помошта засега останува само на хартија.

Клиниката за трансфузиологија отстапи два фрижидера за чување на вакцините. До крајот на месецот ќе пристигнат уште три .Во февруари се очекуваат и вакцините преку Ковакс системот за кои е направена уплата и обезбдена гаранција. Од министерството за здраство немаат информации колкава количина вакцини Македонија ќе добие од земјите кои се понудија да помогнат, Бугарија, Грција, Полска и Австрија. Велат дека тоа е одлука на нивните влади а понудените вакцини може да бидат донации или да се платат од фондот од 70 милиони евра кои Европската комисија ги обезбени за земјите од регионот. Но помошта од Европската комисија засега останува само на хартија.

Total
0
Shares
Поврзани објави