Србија доби 1 милион вакцини од Кина

За време на пречекот на авионот со кинески вакцини од компанијата „Синофарм“, претседателот на Србија, Александар Вучиќизјави дека ќе се вакцинира токму со кинеската вакцина, во борбата против Ковид-19.

 – Како претседател на Србија, убеден сум во квалитетот на кинеската вакцина. За неколку дена, ќе ја примам оваа вакцина за да го покажам нивниот квалитет. Ние сме првата земја во регионот што доби толку многу вакцини и јас сум многу горд на тоа. Засега ги добивме американскиот „Фајзер“, рускиот „Спутник“ и сега вакцините од кинескиот производител. Некои од нашите министри веќе примија одредени вакцини. Ние сме една од земјите што имаме многу добри односи со Кина и многу сум горд на тоа и на нашето партнерство со Кина, изјави Вучиќ за српските медиуми на аеродромот „Никола Тесла“Инаку, вакцината на Фајзер ја примија епидемиологт Кон, премиерката Ана Брнабиќ и д-р. Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, додека со руската Спутник V, се вакцинираа Дачиќ и министерот за одбрана Вулин.

ФОТО/Tanjug

Total
0
Shares
Поврзани објави