Спасовски: МВР ќе реагира ако има пријава за групирање по домови

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека со новата мерка против групирање по домови нема да се попвреди уставно загарантираното право за неповредливост на домот, но додава дека полицијата ќе може да реагира по пријава од соседите ако има непочитување на мерката од граѓаните.

–Ваквиот предлог веројатно е базиран на податоците за случаите кои се позитивни токму од таквите групирања во домашни услови на семејни веселби. Секако дека уставно загарантираното право за неповредливост на домот останува и тука не може да делува полицијата. Меѓутоа, многу е поважно да разбереме, дека групирањето, прославите во домашни услови, претставува најголем ризик. Токму поради тоа, треба да се преземаат некакви мерки,вели Спасовски.

Тој смета дека спроведувањето на оваа мерка ќе биде во соработка со јавното обвинителство, со цел да се намали можноста за ширење на коронавирусот.

Total
0
Shares
Поврзани објави