Сопругата на претседателот Пендаровски во избирачки одбор за гласање на болни од ковид-19

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска ќе биде во избирачки одбор за гласање на лица болни од КОВИД-19 и граѓани кои се во самоизолација. Ѓорѓиевска која е редовен професор на Стоматолошкиот факултет и раководител на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.

На овие предвремени парламентарни избори  поради пандемијата на КОВИД-19,  болните ќе гласаат два дена. Во понеделник ќе се спроведе гласање за лица позитивни на коронавирус и оние кои се во изолација, додека во вторник ќе гласаат болни и изнемоштени лица.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за САКАМДАКАЖАМ.МК  потврдуваат дека Ѓорѓиевска ќе биде член на избирачкиот одбор во Општина Гази Баба, кој ќе оди во домовите на позитивни лица на коронавирус кои се пријавиле да гласаат на изборите во оваа скопска општина.

извор: САКАМДАКАЖАМ.МК

Total
0
Shares
Поврзани објави