Сојуз на средношколци: Враќање само во безбедни училишта

По најавите на владата дека се подготвуваат планови за враѓање на нормалната настава во училиштата од септември, Сојузот на средношколци вчера предупреди дека пред донесување на било каква одлука, мора да се води сметка за здравјето, безбедноста и благосостојбата на учениците.

Сојузот смета дека повторното отворање на училиштата може да се земе в предвид само доколку е безбедно за сите.

„Учењето лице в лице е важно заради неопходните социјални интеракции кои ги овозможува, но во време на криза училиштето мора да се осигура дека таквите интеракции се безбедни“, порачуваат од Сојузот.

Според нив, треба да се обезбеди рамноправен пристап до квалитетно образование за секој, за време на и по пандемијата.

„Кризата со COVID-19 ги откри и засили претходно постоечките нееднаквости. За училишната заедница, нееднаквиот пристап до дигитални алатки и доброфункционална опрема за поврзување резултираше во голем број на наставници и ученици кои со потешкотии се справуваат со нивните секојдневни задачи поврзани со училиштата“, сметаат од Сојузот на среднишколци. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави