Шестмина во болницата во Охирд чекаат резултати од тестовите за Ковид19

Инфективното одделние во Општата болница во Охрид располага со три лекари, двајца специјализанти, со капацитет за сместување на 20-тина пациенти. На одделението моментално има шест лица со симптоми на Ковид-19, чии резултати се уште не се пристигнати односно нивната дијагноза не е потврдена.

Ова денеска го соопшти новиот директор на билницата, Горан Балевски, додавајќи дека состојбата со корона вирусот се следи, посочувајќи дека здравствената установа има доволно капацитети за справување со епидемијата.

– Формиран е кризен штаб составен од избрани лекари од сите одделенија, така што со заеднички насоки формиран е тријажен центар за прием на болни, кои потоа според однапред утврдени патеки на движење потоа се упатуваат кон соодветни одделенија зависно од потребата, изјави Балевски.

Моментално во болницата во Охрид се испразнети одделенијата за геријатрија и кожни заболувања, резервирани за сместување пациенти со сомнителна клиничка слика односно со симптоми на корона вирус, а без потврдена дијагноза.

Total
0
Shares
Поврзани објави