По 6 илјади денари помош за пензионери, самохрани родители и невработени

Премиерот Зоран Заев денеска го објави четвртиот сет на мерки за справување со последиците од корона-кризата, со која на пензионерите со пензии до 15 илјади денари и на самохраните родители и барателите на работа ќе им се доделат платежни картички од 6.000 денари.

Заев објасни дека платежна картичка ќе одбијат 5.726 самохрани родители, 182.271 пензионери и 85.108 невработени пасивни баратели на работа.

Платежните картички „Купувам домашно“ ќе ги добијат и студентите кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички и навремено реагирале за тоа.

Според Заев, првите три сета мерки спречиле економски последици кои можеле да бидат драматични и долгорочни.

Total
0
Shares
Поврзани објави