Семејство заразено со Ковид-19 спречено да патува со авион за Норвешка

Мајка и три деца покрај позитивниот тест и решението за самоизолација решиле да патуваат, но сепак службите реагирале навреме и ги спречиле.

Од Комисијата за заразни болести, за интернет порталот „сакам да кажам“ кој што ја објави оваа информација, велат дека лицата кои патуваат од земјава, најчесто се иселеници, во голем дел со двојни државјанства, кои се враќаат тука за свадби и други семејни прослави и потоа се враќаат на работа во западна Европа, бидејќи со дозвола за преестој за нив не важат рестрикциите. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави