Се повеќе земји забрануваат летови од и кон Британија

Најново, вакви одлуки донесоа Аргентина и Чиле, а претходно и Канада

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на кој се очекува одлука дали цела ЕУ ќе се приклучи на ваквата забрана

Аргентина и Чиле се најновите држави на листата на оние кои ги запираат летовите од и кон Велика Британија поради ширењето на нов вид коронавирус.

Британскиот премиер Борис Џонсон во саботата објави дека новиот вид на вирус го зголемил бројот на заразени лица, поради што владата ги заостри рестриктивните мерки за Лондон и соседните области.

Аргентинското Министерство за внатрешни работи објави дека последниот лет пред суспензијата од Велика Британија е планиран за Буенос Аирес денеска наутро. Патниците и екипажот од тој лет ќе мора да одат во седумдневен карантин.

Властите во Чиле објавија дека мерката ќе стапи на сила во вторник на полноќ и ќе трае 14 дена. Забрането е влегување на странци без постојан престој кои биле во Велика Британија последните 14 дена.

Вчера Канада, исто така, се приклучи на се подолгара листа на земји кои забранија влез на патници од Велика Британија. Пред тоа, тоа го направија Германија, Франција, Холандија, Белгија и Италија.

Во Брисел денеска ќе се одржи состанок на кој се очекува одлука дали цела ЕУ ќе се приклучи на ваквата забрана.

Ваквите забрани предизвикаа големи гужви на британските аеродроми.

Британскиот премиер Борис Џонсон за денеска закажа итен состанок на кризниот штаб во врска со меѓународниот сообраќај.

Во Велика Британија од денеска се затворени сите продавници што не продаваат храна и основни намирници. Исто така, забрането е патувањето надвор од овие зони, било во другите делови на Велика Британија, било во странство. Баровите, рестораните и музеите во Велика Британија се затворени од средата.

Постојат ограничувања од четврти степен што ќе бидат ревидирани за десет дена.

Ова значи дека граѓаните не смеат да ги напуштаат своите домови ако работат од дома. Владата им препорачува на граѓаните да патуваат само доколку е апсолутно потребно, да го намалат движењето на минимум и да одат пеш или со велосипед секогаш кога е можно. 

Total
0
Shares
Поврзани објави