Се очекува укинување на ПЦР тестовите за патување во соседните земји

Комисијата за заразни болести ќе расправа во текот на викендот за укинување на рестриктивните мерки за земјите од регионот, објави телевизијата Алсат.

Министерот за здравство, Венко Филипче најавил дека олеснувањето значи и укинување на ПЦР тестовите за Косово, Црна Гора, Босна и Србија.

Препораката на Комисијата за заразни болести мора да биде одобрена од Владата, по што слободното движење се очекува да започне следниот понеделник.

Total
0
Shares
Поврзани објави