Се бара укинување на ПЦР тестовите за соседните држави

Туристичките работници барараат од владата да ги укине ПЦР тестовите за граѓаните од соседните земји затоа што тие ги спречуваат туристите да летуваат во Северна Македонија. Скапите тестови бараат да ги заменат со брзи е ефикасни тестови, кои ќе можат да се направат на самите гранични премини, пишува Аласт-М.

„Сметам дека сѐ што е попрактично и побрзо би било подобро и за нас хотелиерите и за гостите. Во првиот момент кога се ослободија границите, веќе имавме најави по традиција од српските гости кои доаѓаа во охридско-струшкиот регион, но после настанаа откажувања, како и за останатите. Ако се ослободат границите тогаш сметам дека би се повратиле од финансиска гледна точка и би имале малку повеќе гости од соседните земји“, рече Стојан Брчески-менаџер на хотел во Струга.

Љупчо Јузмески-туристички водич, вели дека скапите тестови ги одврати туристите од соседните земји да доаѓат кај нас.

„Тоа се дополнителни трошоци. Вака ако на самата граница, покрај пасошка контрола, се направи и еден брис или брза контрола дали има човекот вирус или не, со пет минути тестови тоа е многу побрзо и нема да ги одврати луѓето“, вели Јузмески.

На 8 јули, беше донесена одлука при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжителен ПСР тест не постар од 72 часа.

Иако имаше најави дека ваквата одлука ќе биде укината, тоа досега не се случи.

Total
0
Shares
Поврзани објави