Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски на својот профил на Фејсбук соопшти дека во градот се регистрирани првите два сличаи на заболени од корона вирусот. Тој појасни дека заболените се во добра состојба и во изолација. Во продолжение објавата на градоначалникот во целост.

Почитувани граѓани,
Сакам да Ве известам дека по резултатите добиени од Центарот за Јавно Здравје од Прилеп имаме двајца сограѓани кои се позитивни на вирусот ,,Ковид 19″.
Лицата се во добра општа состојба и во изолација, додека инспекциските служби заедно со здравствените работници од градот работат на лица кои евентуално биле во контакт со заразените, да не дојде до проширување.
Заболените лица, наши сограѓани, се сместуваат во контролирана изолација, со полициски надзор, а претходно прегледани од доктори. Никој од нив не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани. Значи, заболените лица се сместуваат во контролирана изолација.
Сите имаме право да бидеме уплашени, но не да ги напаѓаме оние кои можеби се и недолжни, затоа што сакаат и се наоѓаат дома, лошо е оговањето, паушалните и непроверени заклучоци и стигматизацијата која се прави кон овие лица.
Должни сме непроверените и паушални муабети и оговарања да ги пресретнеме се со цел да не се ствара паника и омраза меѓу моите сограѓани.
Нека ги поминат во мир 14-те изолативни денови, а не уште повеќе да им ја отежнуваме состојбата.
Мора да преовладува разумот, состојбата на човечност, колективност, каков што секогаш сме го имале.
Нема место ниту простор за паника!
Останете во своите домови со Вашите семејства, почитувајте ги препораките на Министерството за здравство и оставете на професионалците да си ја завршат својата обврска. Само заедно ќе излеземе посилни од оваа глобална светска пандемија, која за жал, не не одминува ниту нас како општина и град Крушево.