Првата вакцина против корона ја доби 90-годишната Маргарет

Велика Британија денеска почна со вакцинирање против коронавирус. Први на ред се лицата над 80 години. Вакцинирањето не е задолжително. Против обврска за вакцинирање е и СЗО.

Светската здравствена организација се изјасни против задолжително вакцинирање против коронавирус. „Не мислам дека прописите, особено кај оваа акцина, се вистинскиот пат“, изјави експертката за вакцини на СЗО, Кејт О’Брајен во Женева. Давање обврска за вакцинирање, или инсистирање на тоа, би можело да има смисла за одредени професии, како медицинскиот персонал во одделенијата за интензивна нега. Но, има примери каде обврска за вакцинирање дава спротивен ефект и не води до повисока стапка на имунизација на населението.

„Би било подобро кога на луѓето би им ги претставиле податоците и предностите и би ги оставиле самите да одлучат“, додава и координаторот на СЗО за итна помош Мајк Рајан. Сепак, нагласува тој, постојат околности во кои вакцината е единствената одговорна опција.

Total
0
Shares
Поврзани објави