Прв позитивен случај на ковид во контрола на летање на аеродром

„М-НАВ АД Скопје, го регистрираше првиот случај на вработен позитивен на корона вирусот Covid-19. Во насока на превенција од понатамошно ширење на вирусот, покрај интерните донесени мерки М-НАВ А.Д. Скопје постапи согласно насоките добиени од надлежните, ковид центарот и дежурниот епидемиолог. Во рамките на ова, покрај редовната извршена е и вонредна дезинфекција на работните простории од компанија која за тоа има одобрение од Министерството за здравство. Вработениот, како и сите утврдени ризични контакти се во самоизолација со соодветно издадени решенија“, соопштија од М-НАВ.

Од таму велат дека се донесени дополнително засилени мерки на заштита и превенција и дека максимално е ограничен пристапот на надворешни лица во објектите каде се сместени оперативните простории.

Приоритет за нас во овој момент е континуитет во давањето на нашите услуги на безбеден и ефикасен начин и М-НАВ А.Д. Скопје уште поинтензивно ке работи и придонесува на заштита на своите вработени кои се главен ресурс за обезбедување на ефикасни и безбедни услуги на воздухопловната навигација за сите корисници на нашиот воздушен простор. Менаџментот на М-НАВ будно го следи развојот на ситуацијата со цел преземање на неопходните мерки и во целост ги почитува препораките, заклучоците и мерките дадени од страна на Влада на РСМ и другите надлежни институции“, додаваат од „Македонска навигација“

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Лекарката од Кожно која држела предавање на деца за корона се огласи – Добра сум, не сум била во контакт со директорката, спаѓам во група на низок ризик!

По големиот аларм кој го вклучија родители од Основно училиште каде минатата недела лекар од Клиниката која сега…