Превозниците ќе можат да возат со 75 отсто исполнетост на автобусите

Наместо со исполнетост од 50 отсто, автобусите може да возат со 75 отсто од вкупниот број на патници – оваа одлука, со која се врши измена на протоколите за превоз на патници, ја донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести.

Владината одлука со која е зголемен бројот на патници се однесува на автобусите од градскиот и од меѓуградскиот превоз. 

Од здруженијата на туристички работници се делумно задоволни од владината одлука бидејќи тие бараа автобусите да возат со полн капацитет.

„Одлуката на Комисијата за заразни болести за зголемување на капацитетот на превозот е поприфатлива за разлика од таа што беше на 50 посто. Иако не се исполни нашето барање да биде 100 проценти, меѓутоа можеме да ја прифатиме затоа што колку толку се зголеми капацитетот на патници коишто можат да патуваат“, изјавиле за 24 Вести од Здружението на туристички работници.

 Дополнително бараат субвенциите за платите од 14.500 денари да ги добиваат до крајот на годината бидејќи во спротивно велат нема да имаат можност за обесштетување на граѓаните кои веќе уплатиле за своите патувања. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави