Премиерот Заев не е заразен со корона вирусот

Премиерот Зоран Заев не е заразен со корона вирус покажал тестот направен денеска откако тој учествуваше на заеднички настан со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од вчера е позитивен.

„Денеска го добив резултатот од тестот за КОВИД-19 и тој е негативен“, објави Заев на неговиот фејсбул профил.

Тој повторува дека е многу е важно сите да го чуваме сопственото здравје и здравјето на останатите.

„Со целосно почитување на мерките и препораките секој од нас може да даде придонес за јавното здравје. Да носиме заштитни маски, да држиме физичка дистанца, да ги избегнуваме големите групни настани и на тој начин заеднички ќе ја добиеме битката со КОВИД-19.“, смета Заев.

Total
0
Shares
Поврзани објави