Постигнат договор за водоводот во селото Синичани

Постигнат е договор меѓу жителите на селата Синичани и Урвич околу водоводот, известува Алсат-М. Телевизијата тврди дека жителите на Урвиќ се согласиле водата што се ноаѓа во нивниот атар да се користи за изградба на водовод за соседното село. За возврат тие бараат исполнување на пет други услови. Претставниците на двете села се очекува да го посетат изворот каде треба да го официјализираат договорот.

„Дојдовме до договор, но разговорите ќе продолжат, но главната работа е дека разговорите со Синичане завршија успешно. Водата што имаат намера да ја земаат не се оспорува од селото Урвиќ. Да, работите можат да продолжат и се надевам дека Владата ќе излезе со финансиска поддршка што е можно поскоро – изјави Хајредин Гафури, МЗ -Урвиќ.

Друг жител од оваа село ја повика владата да помогне финансиски во решавање на водоснабдувањето на Синичани затоа што тие не сакат да имат недоразбирања со нивните комшии. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави