Поднесени се две кривични пријави за журките во Градиште

Поднесени се 2 кривични пријави за забавите организирани во Градиште, на плажите 2 и 3, пренесува  „Слободен печат“.

Во Охрид само петмина пазарни инспектори работат да ги казнат прекршителите на протоколите, а на помош викендов им дошле и колегите од Скопје и од Гостивар.

Во овој продолжен викенд, заедно со колегите од Скопје и од одделението во Гостивар, со петнаесет инспектори направени се 75 надзори во 2 дена. На подрачјето на Охрид имаме 2 кривични пријави по членот 206 од Кривичниот Законик конркетно за журки во Градиште, на плажите два и три. На подрачјето на Струга во кафуле покрај Дрим постапивме, но наидовме на попречување па полицијата се вмеша во случајот и се преземаат дополнителни мерки, велат од Пазарниот инспекторат одделение Охрид, за „Слободен печат“.

Проблемот е голем онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност за постапување. Туристите тоа го знаат и затоа, наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат онаму каде што никој не им наметнува правила. На само 20 метри далечина од хотелските плажи, на таканраечените ,,диви” плажи, или плажи каде што нема стопан, надлежност да казнува нема никој. Таму нема игла каде да се фрли. Кога се чекаат редици за туристите да се качат на бродот за крстарење нема никаква дистанца и турканиците се големи. Пазарните инспектори изрекле и 5 прекршочни казни за нерегистрирани трговски објекти кои изнајмувале лежалки и реквизити, како и 12 прекршочни за прекршоци по други основи. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави