Почна примената на антикризната мерка Викенд без ДДВ

Почна примената на мерката од четвртиот пакет антикризни мерки, Викендот без ДДВ, во кој граѓаните што ќе купат домашни производи и компјутери до 30 илјади денари меѓу 10 и 12 октомври, ќе им се врати данокот на додадена вредност од 18 отсто.

Во рок од три дена од издавањето на сметката тие ќе треба да ја скенира сметката преку апликацијата Мој ДДВ, а парите ќе им бидат вратени во рок од 15 дена на трансакциска сметка.

Целосен поврат на ДДВ граѓаните ќе имаат само за промет до 30.000 денари, додека над таа сума повратот е на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Се проценува дека мерката ќе однесе кај граѓаните околу 17 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги.

Total
0
Shares
Поврзани објави