Почина родилката од Куманово

Родилката заразена од ковид 19 денеска почина на Клиниката за инфективни болести. Таа беше од Куманово и имаше 27 години. На родилката и беше утврден корона вирусот веднаш по породувањето.

Освен родилката починаа уште две лица, 18 се новозаразени со корона вирусот и биланост во изминативе 24 часа.

-На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци пронајдено е починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот, објави министерот Филипче.

Тој додаде дека од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На ова Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во „8 септември“ во Скопје има 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина. Во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно–тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни, а четири пациенти има и во Битола и тие се стабилни.

-Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на корона вирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1, објави министерот.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во Македонија изнесува 617 лица.

Total
0
Shares
Поврзани објави