Почина познатиот охридски лекар Драган Спасески Охридски

Ковид-19 одзема живот на уште еден познат лекар. Денеска по кусо боледување на 60-годишна возраст почина познатиот охридски доктор, хуманист, уметник и поет Драган Спасески Охридски.

Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург, вработен во Костнозглобната болница во Охрид.

Лани прослави три децении од неговата прва самостојна изложба што се случи во 1989 година кога всушност тој го направи и првиот мултимедијален проект во нашата држава, насловен како „Апокалиптичен нарцис“.

Од Охридски се прости и градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, кој на неговиот фејсбук профил напиша дека сме изгубиле врвен доктор, вреден охридски интелектуалец, ликовен уметник, писател и обичен човек со ретки естетски вредности и филозофски размисли.

„Јас останав без голем пријател и колега, со кого делевме многу добри и важни нешта и успешно се справувавме со сите предизвици.За жал, останавме без еден голем човек кој ќе влезе во колективната меморија на древниот Охрид. Неговото дело ќе биде гордост за неговото семејство, сограѓаните и интелектуалните кругови, не само во нашата држава, туку и во целиот свет“, напиша охридскиот градоначалник Георгиевски.

Total
0
Shares
Поврзани објави