Почина пациент од Прилеп, 40 новозаболени од Ковид-19

Во изминатите 24 часа направени се 549 тестирања, а регистрирани се 40 нови случаи на Ковид-19 во земјата, информираат од Министерството за здравство, од каде што додаваат дека денеска е потврден и еден позитивен случај кај вработен во градинка во Скопје.

Од новозаразените, 26 се од Скопје, 10 од Тетово и по еден од Куманово, Прилеп, Велес и од Битола.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје починал 56-годишен пациент од Прилеп, лекуван на Клиниката од 12 мај.

Total
0
Shares
Поврзани објави