По Бектеши и министерот Адеми позитивен на ковид 19

По министерот Кресник Бектеши и министерот за образование, Арбер Адеми, објави дека е заразен со корона вирусот.

Драги пријатели, роднини и соработници, Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал резултирав позитивен!

Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!, напиша Адеми на фејсбук.

Вчера Бектеши напиша :

Драги пријатели,
Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово.
За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.
Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!
Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!
Здравје и среќа за сите!

Total
0
Shares
Поврзани објави