Пет жени вработени во конфекција во Штип позитивни на Ковид-19

Пет нови случаи на заболени од ковид 19, од кои четири се од работнички од една иста конфекција, се регистрирани изминатите 24 часа во Штип. Петтиот случај е заболен кој нема врска со ниту еден претходен болен и се смета за нов кластер, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Штип.
Со тоа, од новите четири случаи на заболени конфекционерки, вкупно шест новозаболени од петокот се работнички во иста конфекција, во која се ангажирани околу стотина работници. Во текот на вчерашниот ден просториите на конфекцијата се целосно дезинфицирани, а работниците денеска не се на работа, додека Центарот за јавно здравје врши тестирања на дел од вработените.
Најновиот биланс на заболени во Штип, особено поради фактот дека се од конфекција, ќе биде тема на денешниот состанок на Општинските кризен штаб, потврди градоначалникот Благој Бочварски. Тој кажа дека уште во текот на вчерашниот ден е разговарано со превозниците, кои со автобуси ги превезуваат работниците на работа, кои потврдиле дека прават редовна дезинфекција на автобусите.
Меѓутоа, од друга страна, загриженоста е дека во автобусите не се држи социјална дистанца, ниту пак целосно се почитуваат мерки за време на паузите. Бочварски изјави дека сите опции како превенција и броби против вирусот ќе бидат во опција на состанокот, вклучувајќи ја и идејата за приврмено затворање на некои од капацитетите.

извор: mms.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Измами со ваучери за туризам

„Купувам – продавам ваучер за туризам.“ Вакви објави деновиве можат  да се видат по социјалните мрежи. Владините ваучери…