Пановски: Со загаден воздух учениците ќе бидат во поголем ризик од корона

Mикробиологот Никола Пановски вели дека опасноста за децата од прво до трето одделение што ќе следат настава со физичко присуство да се инфицираат ќе биде поголема ако имаме загаден воздух и кога ќе бидат затворени прозорците на училниците. Пановски не очекува децата цел ден да носат и маски.

Тој смета дека побезбедно ќе беше групите со ученици да се намалат на по 10 деца, меѓутоа надлежните задоцниле со стартот на учебната година.

Според него наставата требала да почне уште во август кога временските услови дозволуваа децата да учат и на отворен простор.

–Мене ми е криво што децата сега се многу повеќе во контакт отколку што ќе беа ако беа во училиште, вели тој.

Total
0
Shares
Поврзани објави