Пановски: Поново заболените од Ковид-19 биле само преносители

Професорот Никола Пановски тврди дека тие што по втор пат се заболени од коронавирусот значи дека првиот пат воопшто не биле болни, туку биле преносители на вирусот.

– Треба да се види дали тие првиот пат биле болни. Најверојатно во овие случаи вирусот не се проширил во организмот и не се развил имунитет поради тоа. Или пак, втората опција е првиот наод да им бил лажно позитивен. На 10.000 случаи, дури и да има 50 луѓе што по вторпат се позитивни, тоа не е многу. Најверојатно првиот пат биле болни туку само контаминирани, изјавил за Слободен Печат, професорот Пановски.

Директорот на СЗО Тедрос Гебрејсус пред неколку дена порача дека во моментот нема брзо решение за Ковид 19 иако во последна фаза се неколку вакцини, меѓу кои најветувачка е онаа од Оксфорд.

– Се надеваме дека ќе имаме неколку ефикасни вакцини кои ќе им помогнат на луѓето да не се инфицираат. Сепак, во моментот нема брзо решение и можеби никогаш нема да има. Засега, спречувањето на ширењето се сведува на контролан а болеста, изолација, третирање на пацинетите и карантин за нивните контакти. Правете се од ова, порача тој. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави