Отпадот на граѓаните кои се во самоизолација се третира како комунален отпад, со препорака да се става во две вреќи

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, во интервју за МИА, појаснува дека отпадот од заболените од Ковид-19, кој се собира од болниците, се третира како медицински отпад, а отпадот на луѓето кои се во самоизолација се третира како кумунален отпад.

Тој додава дека отпадот од граѓаните кои се во самоизолација треба да се пакува во две ќеси.

-Сепак, треба да се осигураме дека се заштитени и вработените во комуналните претпријатија и затоа препорачавме отпадот од лицата во самоизолација да се пакува во две ќеси пред отстранување. Она што го забележавме е и дека количината на нашиот комунален отпад е зголемена, со тоа што граѓаните се дома, но истовремено количините на комерцијалниот и индустрискиот отпад се намалени, вели министерот.

извор МИА

Total
0
Shares
Поврзани објави