Осумина починати најмладиот 34 години – заразени со корона 127

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 904 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-57, Куманово-4, Штип-13, Тетово-6, Струга-10, Охрид-7, Кавадарци-1, Гостивар-8, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-2, Свети Николе-12, Кичево-4.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 83 оздравени лица од: Скопје-35, Штип-8, Тетово-33, Велес-1, Гостивар- 5, Пехчево-1.

Починати се 8 лица, пет пациенти од Скопје, еден од Тетово, еден од Струга и еден пациент од Кичево. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст 70 и 93 години.

Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица на возраст 34,45,78 и 87 години, а кај 62 годишен пациент, вирусот е потврден постмортем. Во КБ Тетово почина пациент на 78 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9153,  бројката на оздравени пациенти е 4810, на починати е 422, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3921.

министерство за здравство

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Милошоски нема корона

Почитувани пријатели,и вториот лабораториски наод од земен брис испадна со негативни резултати.Се надевам дека овие неколку денови ќе…