Опозицијата ќе обезбеди кворум да се донесат законски мерки против короната

Опозицијиата нема да ги изгласат измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, но ќе прават кфорум за да може власта да ги изгласа.

Пратеникот Антонијо Милошоски вчера иазјави дека во законот нема мерка за зајакнување на капацитетите на институциите кои вршат КОВИД тестови, нема мерка за поевтино тестирање на ризичните групи на население, ниту за пошироко тестирање во позагрозените општини.

Милошоски повтои дека неговата партија бара да се формира нова Специјална државна комисија за борба против пандемијата.

– По функција тука би биле министерот за здравство и директорот за Центарот за управување со кризи, а внатре би членувале специјалисти инфектолози 3 членови, епидемиолози 2 членови, микробиолози 2 членови имунолог еден член и специјалист интернист еден член. На наше разочарување оваа идеја и предлог не беа прифатени од министерот за здравство, рече Милошоски.

Но, ваквиот предлог не е профатлив за министерот за здравство Венко Филипче затоа што е целосно неиздржан.

– Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните., вели Филипче.

Тој ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека од почетокот на ковид кризата делуват неконструктивно кон сите мерки што ги презема владата.

Со измените на законот се бара задолжително носење маски на отворено, забрана за групирање надвор по 22 часот и ограничување на семејните собири.

Total
0
Shares
Поврзани објави