Официјална претставничка на ЕМА: Спутник В сè уште не е одобрена

Висока претставничка на Европската агенција за лекови (ЕМА) Криста Виртумер-Хох апелираше до членките на Европската унија да не ја одобруваат употребата на руската вакцина Спутник В за итна употреба, сè додека агенцијата целосно не ја испита нејзината безбедност и ефикасност, јави Гардијан.

– Потребна ни е документација врз основа на која би направиле проценка. Во моментов немаме податоци за вакцинирани лица, тоа не е познато. Затоа ќе апелирам до земјите од ЕУ да не ја одобруваат вакцината Спутник за итна употреба, изјави Виртумер-Хох за австриската телевизија ОРФ.

Таа не исклучи дека постои можност Спутник да се појави во понудата за вакцинација во земјите на ЕУ.

– Пред тоа, потребно е да се направи експертиза, која ЕМА ја почна. Податоците што доаѓаат од рускиот производител ќе бидат прегледани според европските стандарди за квалитет, безбедност и ефикасност. Ако сè помине, вакцината ќе биде одобрена, додаде Виртумер-Хох.

Спутник В веќе е одобрена или е близу до одобрување во три земји на ЕУ – Унгарија, Словачка и Чешка – а официјални претставници на Европската унија изјавија дека Брисел би можел да почне преговори со производителот на вакцини доколку тоа го побараат најмалку четири земји.

ЕМА ќе ја разгледа и употребата на американската вакцина на Џонсон и Џонсон, а специјален состанок во врска со одобрувањето на оваа вакцина ќе се одржи на 11 март.

– Очекуваме позитивна проценка и дека Европската комисија ќе одобри употреба на вакцината многу скоро, додаде високата претставничка на Европската агенција за лекови. 

Извор: nezavisen.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кој е личниот лекар на Трамп!

Уште кога беше соопштено дека американскиот претседател Доналд Трамп има Ковид-19, неговиот личен лекар Шон Конли стана центар…