Од вечерва нема слободно место на Инфективна!

Од вечерва нема слободно место на Клиниката за инфективни болести во Скопје, сите капацитети се исполнети, објави „360 степени“, повикувајќи се на потврда од министерот за здравство Венко Филипче.

„Есенскиот бран на новозаболени од ковид-19 го зголеми бројот на приеми на Клиниката, така што од попладнето се пополнети сите кревети. Поради тоа во функција го ставаме модуларното одделение“, изјавил Филипче, кој смирува дека нема место за паника.

На помош е дојден и персонал од Клиниката за пулмологија и алерголија и од Институтот за белодорбни заболувања и туберкулоза.

Според последниот извештај на Министерството за здравство, објавен денес, на Инфективната клиника се лекуваат 86 заразени со Ковид-19, но очигледно е дека попладнево биле хоспитализирани уште пациенти.

Total
0
Shares
Поврзани објави