Од прво до трето одделение во училиште, останатите со онлајн настава

Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво, второ и трето одделение од први септември да се вратат во училишните клупи, а другите генерации да продолжат со онлајн настава.

Министерот за образование, Арбр Адеми, за предлогот на Комисијата вели дека училиштата каде има мал број на ученици наставата може да се одвива со физичко присуство почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид-19.

„Се истакнува – наставата да се одвива од дистанца, онлајн, со две исклучоци. Првиот исклучок е од прво до трето одделение ќе биде потребно физичкото присуство во наставниот процес. Вториот исклучок, важно е да се истакне, во тие училишта каде има мал број на ученици и каде можат да се почитуваат протоколите за физичка дистанца и може да се организира наставниот процес, со што да не се загрозува здравјето, таму ќе се организира наставниот процес со физичка дистанца“, вели Арбр Адеми за ТВ21.

Овој предлог треба да добие зелено светло од Владата. Според Адеми, било каква одлука да се донесе, потребно е да се направат законски измени од новото собрание.

Што се однесува до градинките, од Комисијата за заразни болести велат дека ќе се дискутира следната недела. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави