Новороденче и неговата мајка се позитивни на коронавирусот. Надлежните од Центарот за јавно здравје информираат дека откако новороденчето појавило симптоми е испратено во болницата во Козле во Скопје, а каде е подложено на испитување и лекување.

Новороденчето и неговата мајка биле на Одделот за неонаталогија, гинекологија и акушерство, во периодот, кога една од медицинските сестри е заразена и е ставена во изолација. Но, остантите шест новороденчиња и нивните мајки се добри и немаат никакви симптоми на коронавирусот.

Затоа во текот на денешниот ден се прават епидемиолошки анкети, со цел да се утврди од каде новороденчето и родилката се инфицирале. Не се исклучува можноста изворот на заразата да не е од овој оддел, затоа што останатите не се позитивни на Ковид-19.