Нови 72 случаи од корона вирус, вкупната бројка достигна 555 заразени

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:Скопје – 235Куманово -114Дебар – 49Штип-19Прилеп –33Тетово – 29Струга – 24Велес – 10Битола – 6Охрид – 3Кавадарци –2Гостивар – 4Гевглелија – 4Струмица – 2Крива Паланка- 2Радовиш -3Крушево – 2Кочани – 14

Во изминатото деноноќие направени се 371 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 285, преку Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 0, Биотек – 24 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 55. Досега во земјата се направени 5.291 тестирања на Ковид-19.

Total
0
Shares
Поврзани објави