Нема крајна одлука за почеток на школската година

Се поизвесно е дека новата учебна година нема да започне на први септември. Ниту еден од трите модели во опција за старт на наставата не се прифатени, ниту пак конкретен датум за почеток на учебната година.

Министерот за образование Арбер Адеми топката ја префри на новата влада што треба да се формира наскоро.

Не сум тврдоглав во својот став и ставот на МОН учебната година да започне со физичко присуство, но верувајте имам многу дилеми и многу ми е тешко да донесам одлука, изјави денес министерот за образование , Арбер Адеми. Според него , епидемиолошката состојба има клучна улога во одлуката, еден ден пред и по почетокот на учебната година може да донесе големи промени во одлуките.

„За било каков модел да се определиме е неопходно да се направат измени и дополнувања и во законот за основно и во законот за средно образование.“ изјави Адеми.

Одговорноста за усшешност на наставата со физичко присуство и заштитат на здравјето е на сите, од портирот до министерот, потенцираше Адеми.

Тој смета дека нема замена за наставата во училиште, но малите деца од не знаат да ракуваат со ит уред, и невозможно е да ја следат наставата преку интернет. 

Родителите категорично стојат на ставот децата да останат дома.

„Доколку се донесе одлука од МОН, дека треба да се оди со онлај настава, тогаш и најмалите не треба да бидат исклучени од таа одлука. Голем дел од родителите се спремни и тоа го кажуваат во групата да не ги пуштат своите деца на настава, и не прифаќаат одговорноста на институциите да падне врз нив.“ – вели Светлана Димитриевска.

Без законски промени, учебната година може да заппочне само со физичко присуство и никако поинаку, истакна Адеми  повикувајчи се на законот за образование. 

„Наставата се органзира и реализира во училиште, во училница и точка. Ние за да ја организираме наставата преку средства за електронска состојба, требаше неопходно да усвоиме уредби со законска сила додека траеше вонредната состојба.“ – рече Адеми.

Министерот Венко Филипче вчера изјави дека став на Комисијата за заразни болести е учебната 2020/2021 да почне онлајн, освен за учениците од прво одделение, поради неизвесноста од она што не очекува со ковид-19. Според Филипче, многу ризично е да се дозволи децата да се вратат без никакво ограничување во затворена просторија. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави