Над 1200 студенти и ученици ќе добијат месечен надомест за приватно сместување

Владата ќе им исплаќа месечен надоместок за покривање на трошоците за приватно сместување и за превоз на над 1200 студенти и ученици, кои поради протоколите ќе останат надвор од студентските или ученичките домови. 

Денеска владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за отворањето на студентските и средношколските ученички домови, според која во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.

За остварување на оваа замисла, Владата до Собранието ќе достави Предлог – закон за дополнување на Законот за студентскиот стандард и Предлог – закон за дополнување на Законот за ученичкиот стандард.

Во измени предвидено е владата да ја одредува висината на надоместокот, кој се очекува да го користат 884 студенти и 347 ученици.

Тие ќе се пријавуваат на интернет платформата www.digitalizirajse.mon.gov.mk, за да ги внесат потребните податоци и докази, по што ќе им се исплаќаат средствата.


Total
0
Shares
Поврзани објави