Експерт на СЗО: Маските и дистанцата ќе ни станат секојдневие

Експертот на СЗО предупредува дека новиот коронавирус нема да исчезне толку брзо

Луѓето со маски веројатно ќе станат ново правило, бидејќи новиот коронавирус ќе биде присутен уште некое време, оценува експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Дејвид Набаро.

Во разговор за радио Би-би-си тој вели дека општествата мора да се прилагодат и „да научат да живеат со новата реалност“, бидејќи коронавирусот веројатно ќе го има уште извесно време.

„Овој вирус нема да си замине, не знаеме дали луѓето кои го имале ќе бидат имуни по него, и не знаеме кога ќе ја имаме вакцината“,

објаснува доктор Набаро.
Експерт на СЗО Дејвид Набаро
Total
0
Shares
Поврзани објави