МОН предупредува, состојбата е сериозна, учениците да ги почитуват мерките

Министерството за здравство предупредува дека епидемиолошката состојба е сериозна и апелира до училиштата и учениците да ги почитуваат мерките на институциите за заштита од коронавирусот.

Тие велат дека препораките на Комисијата за заразни болести во врска со почетокот на наставата годинава се темелат на анализи на актуелната епидемиолошка состојба и претпоставките за можно влошување на состојбата со почетокот на есента.

„Најавите за бојкот на онлајн наставата и непочитување на протоколите е недозволиво и го отежнуваат целокупниот процес на справување со корона кризата. Сите одлуки кои ги носи комисијата се интерес на заштита на здравјето на учениците, наставниците и родителите“, велат од МОН.

Според нив, доследното почитување на мерките и протоколите може да помогне состојбата со епидемијата што поскоро да се стабилизира. „Стабилна епидемиолошка состојба ќе овозможи да се зголеми бројката на деца кои би ја следеле наставата со физичко присуство“, вели министерството.

Total
0
Shares
Поврзани објави