Министерството за здравство: Нема забрана за снимање на болниците

Министерството за здравство вчера негираа дека директорот на ГОБ „8-ми септември“ Христија Костов издал наредба за забрана за снимање на болницата.

Министерството објаснува дека тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи таму има пациенти кои чекаат да бидат хоспитализирани, а возила на Брза Помош носат болни во тешка состојба, на кои не смее да им се наруши приватноста.

„Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нарушат правата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик здравјето на медиумските работници“, објаснуваат од Министерството за здравство.

Тие уверуваат дека медиумите може непречено да ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета.

Според нив, здравствените установи со закон се должни да го заштитат идентитетот на секој пациент, како и неговата приватност.

„Од таа причина ве молиме при видео или фото известување задолжително да ги почитувате и заштитите идентитетот и приватноста на пациентите“, укажуваат од МЗ.

Total
0
Shares
Поврзани објави