Министерството за здравство негира дека пациентите со корона се трујат со антибиотици

Министерството за здравство во врска со ставовите на докторот Никола Пановски за прекумерно употреба на антибиотиците во лекувањето на пациентите со ковид-19, велат дека матичните лекари и специјалистите користат терапија во зависност од клиничката слика на заразениот.
Од министерството за Нова Македонија изјавиле дека нема специфична терапија за лекување од ковид-19 затоа што сеуште нема лек за овој вирус чија симптоматологија е слична на грип.

„Третманите за лекување на пациентите се движат од терапии со кои може да се ублажат симптомите или, пак, терапија за да се спречи прогресијата на болеста, или да се спречи вирусот да создаде компликација во организмот на заразениот“, велат од Министерството.

Тие објаснуваат дека пациентите со блага и лесна клиничка слика се лекуваат со антипиретици и витаминска терапија, доколку болеста не прогресира.

„Матичните лекари уште на почетокот на пандемијата имаат „патека“ по која треба да постапуваат доколку на пациент му се влоши состојбата или има потреба од хоспитализација“ велат во министерството.
Во ковид-одделенијата, додаваат оттаму, постојат протоколи за лекување хоспитализирани пациенти, пациенти со тешка клиничка слика и овде станува збор за стручни насоки, направени од експерти во областа, каква терапија и во која форма треба да му се даде на пациентот што е на болничко лекување.
Спореде нив, ако некој пациент смета дека неговиот матичен лекар или специјалист му го загрозиле животот на пациентот со неправилна терапија, случајот веднаш го пријавуваат во Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Total
0
Shares
Поврзани објави