Мицковски: Власта дели концесии дента кога има 535 новозаразени

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски обвини дека дента кога во земјата има 535 новозаразени, Заев дели концесии за брат му и братучедот, наместо поддршка за граѓаните.

Мицковски вели дека политиките на Владата удираат во ѕид затоа што нема резултати од нивните мерки поради половично и селективно спроведување.

„Бројките на заразени покажуваат дека граѓаните се препуштени сами на себе. Ако некој се надева на поддршка од оваа Влада фрлена на крадење, треба да знае дека нема да ја добие“, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Тој власта ја нарекува мафија која земјава ја направија главно упориште на Ковид во Европа, рекордер по смрт, зараза и неспособност која убива.

– Уште колку животи ќе се изгубат за да поднесат оставки? Нивната власт за народот е смрт. Одговорност за националната катастрофа мора да има, и ќе има додаде Мицкоски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Се затвораат сите Ковид центри на интерните клиники во Скопје: Болни од ковид ќе примаат само Институтот за ТБЦ и Инфективната Клиника

Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 8 нови пациенти…