Македонија ја доби европската помош за справување со корона кризата

Македонија ги доби најавените 160 милиони евра од Европска унија, за справување со ковид кризата. Парите ќе се користат за зајакнување на фискалното управување, борба со корупцијата, справување со невработеноста и слично, соопштуваат од Евроската комсија.

„За Северна Македонија, условите за политика за нејзината МНР програма од 160 милиони евра се однесуваат на зајакнување на фискалното управување и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата на финансискиот сектор, подобрување на деловното опкружување и справување со невработеноста кај младите“, нагласуваат од делегацијата на ЕУ.

Договорите се дел од пакетот наречен MFA во износ од три милијарди евра за десет соседски партнери, со цел да им помогне да го ограничат економскиот исход на пандемијата на коронавирус.

Инаку, MFA е дел од поширокиот ангажман на ЕУ со соседните земји и земјите за проширување и е наменет како исклучителен инструмент за реакција на кризи во ЕУ. Таа е достапна за проширувањето и земјите од соседството на ЕУ кои имаат сериозни проблеми со платниот биланс. Демонстрира солидарност на ЕУ кон овие земји и поддршка на ефективни политики во време на невидена криза. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави