Мајки со мали деца утре на протест пред Влада

Мартина Младеновска, мајка на две 15-месечни девојчиња близнаци, е една од мајките што треба да се врати на работа на 23 септември. Таа вели дека ниту еден родител не избегнува да се  врати на работното место, но проблемот, е што одлуката на Владата била донесена само една недела пред тие да треба да се вратат на работа. Од оваа причина таа вели дека е принудена да ја напушти работата и да се грижи за децата.

Таа вели дека нејзините ќерки се родени предвреме,  имаат слаб имунитет и дополнително е загрижена по првите позитивни случаи регистрирани во некои градинки во земјата.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека има околу 4500 слободни места во градинките низ целата земја, но во некои од градинките капацитетите се пополнети.

Мајките велат дека децата не биле запишани во градинката кога се отвориле, бидејќи сè уште не било донесено решение за нивно враќање на работа, па им оставиле простор за запишување на родителите кои немале друг избор. Истата загриженост ја имаат и мајките на деца на возраст од 6 до 10 години, кои ќе посетуваат настава со физичко присуство со скратени часови, и потоа нема кој да се грижи за нив.

Најавениот протест ќе се одржи утре, на кој ќе се побара Владата да ја преиспита одлуката . Пред два дена Владата донесе одлука да не ја прифати  препораката на Комисијата за инфективни болести, за продолжување на породилното отсуство и одлучи датумот родилките и мајките на деца до 10 години, да се вратат на работа на 23 септември.

Total
0
Shares
Поврзани објави